SportM
Фудбал

Повторно ќе доцни отворањето на новиот стадион на Тотенхем

Д М9 јан 2019
Повторно ќе доцни отворањето на новиот стадион на Тотенхем

Англискиот клуб Тотенхем ќе го одложи за најмалку половина месец отворањето на новиот стадион. Се очекуваше тоа да се случи кон крајот на јануари, но од клубот потврдија дека барем до средината на февруари ќе играат на „Вембли“.

Средбите со Ватфорд (30 јануари), Њукасл (2 февруари) и Лестер (10 февруари) беа потврдени за настап на „Вембли“. Средбата на Тотенхем со Борусија Дортмунд од 1/8-финалето на Лигата на шампиони исто ќе се одигра на најголемиот стадион на Островот, за што претседателот Даниел Леви се извини на навивачите.

– Би сакал да се извинам на нашите поддржувачи и да им се заблагодарам за трпението што го манифестираат. Во следните две-три недели ќе објавиме тест датуми за новиот објект, изјави тој.

Тотенхем го пречекува дома Манчестер Јунајтед на средба во претстојниот круг во Премиер лигата во недела вечер.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.