SportM
Фудбал

Повторно на голема сцена: ПСЖ носи трет Португалец!

Д М3 авг 2022
Повторно на голема сцена: ПСЖ носи трет Португалец!

Португалскиот репрезентативец Ренато Санчес е новото засилување на ПСЖ, а наскоро се очекува потврда за трансферот од „Паркот на принцовите“.

Клубот од Партиз ќе плати 15 милиони евра за 25-годишниот офанзивен фудбалер на Лил.

Некогаш еден од најталентираните европски играчи, тој дојде во Лил во 2019 година од Баерн и постигна два гола и пет асистенции на 25 натпревари во Лига 1 минатата сезона.

Сакнес долго време е на листата на желби на Милан, но и покрај тоа што италијанскиот шампион му понуди на Лил повеќе пари, се појавија информации дека Португалецот чека „светците“ да ја зголемат понудата.

Португалецот израсна во Бенфика, од која во 2016 година се пресели во Баерн Минхен. Тој не се прослави во Баравска и постигна само еден гол на 35 натпревари, додека сезоната 2017/18 ја мина на позајмица во Свонси.

Летово ПСЖ веќе ангажираше двајца португалски играчи – Нуно Мендеш (Спортинг) и Витињо (Порто), како и Иго Екитикија (Ремс) и Норди Мукиеле (Лајпциг).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.