SportM
Фудбал

Повторно проблеми кај црно-белите, Спалети губи уште еден играч поради повреда на тренинг

SPORTM.mk30 сеп 2026
Повторно проблеми кај црно-белите, Спалети губи уште еден играч поради повреда на тренинг

Списокот на повредени во Јувентус продолжува да се зголемува. Почетните проценки покажуваат дека играчот од средниот ред Аугусто Овусу има повреда на мускулот ‘ректус феморис’.

Поради ова, играчот ќе биде надвор од терените од две до три недели. Проблемот се случил во тренинг-центарот „Континенаса“, по натпреварот што го играше со тимот „Некс Џен“.

Така, тренерот Лучијано Спалети губи уште една опција за средниот ред во пресрет на следните натпревари: оној од првенството против Калјари и предизвикот од Лига Европа против Селта Виго.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.