SportM
Фудбал

Познат датумот на првото Ел Класико сезонава изгледа повеќе му одговара на Реал

Д М26 сеп 2022
Познат датумот на првото Ел Класико сезонава изгледа повеќе му одговара на Реал

Првото Ел Класико оваа сезона ќе се одигра на 16 октомври, недела на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а ќе започне во 16 часот и 15 минути.

Реал Мадрид ќе влезе како фаворити, без сомнение, со оглед на тоа што е прв на табелата со максимален учинок, а се чини дека тренерот Карло Анчелоти ќе ги има на располагање сите играчи.

Чави Ернандез нема да може да смета на неколку играчи кои се повредени. Дефинитивно во аут се Роналд Араухо и Мемфис Депај, а под знак прашалник е Жил Кунде.

Ел Класико има уште три недели и работите се уште можат да се променат. Дотогаш и двајцата ќе одиграат по два првенствени натпревари и натпревари во Лигата на шампионите.

Поради азискиот пазар, натпреварот повторно ќе се одигра во нешто порано. Одлучено е да биде 16:15 часот по средноевропско време. Во Пекинг натпреварот ќе биде од 22:15 часот, а во Токио од 23:15 часот.

Така практично целиот свет ќе може да ужива во спектаклот што сите нетрпеливо го чекаат. Тоа ќе биде прво Ел Класико за Роберт Левандовски, кој летово се пресели од Баерн во Барселона и блеска на стартот од новата сезона.

Лева претходно имаше можност да игра против Реал во дресот на Барса, но тоа беше пријателски натпревар во кој Каталонците победија со 1:0 во САД.

За многумина, дуелот помеѓу Реал и Барса ќе биде и дуелот меѓу Карим Бензема и Левандовски, двајцата најдобри напаѓачи на денешницата.

Кралевите досега собраа 19 бодови и водат на табелата. Барса има два бода помалку.

Левандовски е водечки стрелец во Ла Лига. На шест настапи постигна осум гола. Бензема три пати ја погоди противничката мрежа. Засега само Виникус Јуниор е поефикасен од Французинот со четири погодоци за негова заслуга.

Последните дуели на двете најголеми шпански екипи

Реал и Барселона последен пат се сретнаа на 24 јули годинава во САД во пријателски натпревар, а Каталонците славеа со голот на Рафиња.

Претходно оваа година одиграа уште два натпревари. Во март беше 4:0 за Барселона во Мадрид, во натпреварот од 29. коло на Ла Лига, а стрелци беа Аубамејанг (2), Араухо и Торес. Иако го декласираа својот ривал, на крајот Барса остана без титулата, а шампион беше само Реал.

Во јануари оваа година, во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, Реал победи со 3:2. Винисиус, Бензема и Валверде беа стрелци за „белите“, а Луук де Јонг и Ансу Фати за Барса.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.