Познати деталите, еве каков договор потпиша новиот тренер на Реал Мадрид
Редакција14 јан 2026

Реал Мадрид го назначи Алваро Арбелоа за нов тренер. Алваро Арбелоа би можел да остане на чело на Реал Мадрид и следната сезона.
Четириесет и двегодишниот Арбелоа го презеде тимот во понеделникот, по заминувањето на Чаби Алонсо од функцијата главен тренер.
Според Marca, Арбелоа потпиша договор кој важи до крајот на сезоната 2026/27.
Сепак, тој ќе остане на својата сегашна позиција и по завршувањето на тековната сезона, доколку раководството на клубот одлучи дека целите поставени за него се постигнати.
Реал Мадрид е втор во Ла Лига, со 45 бода по 19 натпревари со четири бода заостанување зад лидерот Барселона.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



