Познати ривалите на Шкендија во ЛШ: Судува, Клуж, Ференцварош, Номе и Арарат
Д М17 јун 2019

Македонскиот првак утре во 14:30 часот ќе го дознае противникот за првото коло во квалификациите за ЛШ.
Петте можни ривали на Шкендија се познати, од кои два се добро познати во фудбалскиот свет и ќе претставуваат пречка за Шкендија, а тоа се Клуж и Ференцварош.
Поради трите години по ред во кои стигнуваше до плејофот во Лига Европа, Шкендија влезе во групата на носители.
Шкендија е во групата 1, заедно со Астана, Лудогорец, Црвена Звезда и АИК.
Можните ривали се Судува, Клуж, Ференцварош, Номе Каљу и Арарат.
Првите натпревари се предвидени за 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули.

Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



