Connect with us

Фудбал

Познати се финалистите во Лига Европа

Возбудливо беше вечерва во полуфиналните натпревари од Лига Европа.

Се одигра реваншот, а во финалето ќе гледаме клубови од Германија и Шкотска.

 

Ајнтрахт Франкфурт во реваншот беше подобар од Вест Хем со 1:0 и вкупни 3:1 се пласираше во финалето. За тимот од Франкфурт тоа ќе биде прво европско финале по 1980 година кога го освои Купот на УЕФА, а херој беше Боре кој погоди во 26. минута од натпреварот.

 

Во вториот полуфинален дуел Ренџерс одиграа одличен натпревар и го совладаа РБ Лајпциг со 3:1, со што ја анулираа предноста на германскиот тим кој го доби првиот дуел со 1:0, па во борбата ќе го гледаме одличниот тим од Глазгов, за европскиот трофеј првпат по 2008 година кога беа поразени од Зенит во финалето на Купот на УЕФА.

 

Ренџерс фуриозно го отворија реваншот и имаа предност од 2-0 кон средината на првото полувреме. Головите ги постигнаа Таверние во 19 и Камара во 24 минута.

 

Гостите од Лајпциг се враќаат со голот на Нкунку во 71. минута, а десет минути подоцна Лундстрам постигнува нов гол за експлозијата на Ајброкс и ќе испадне пласманот на Ренџерс во финалето.

 

Финалниот дуел од Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Ренџерс е закажан за 18 мај на стадионот Рамон Санчез Писхуан во Севиља.

 

 

Реклама

Facebook