SportM
Фудбал

Познато е кога Миралем Пјаниќ ќе се приклучи на тренинзите на Барселона

Д М4 авг 2020
Познато е кога Миралем Пјаниќ ќе се приклучи на тренинзите на Барселона

Миралем Пјаниќ ќе го напушти Јувентус на крајот на оваа сезона и својата кариера ќе ја продолжи во Барселона.

Пред еден месец, каталонскиот клуб потврди дека трансферот на Пјаниќ е завршен, и дека тој ќе го носи дресот на каталонскиот клуб од следната сезона. Играчот од средниот ред потпиша четиригодишен договор.

Тој реши да остане во Јувентус до крајот на сезоната, а по потпишувањето на неговиот договор тој го играше скоро секој натпревар во Серија А. Тој ќе му биде на располагање и на Маурицио Сари на натпреварите во Лигата на шампионите.

Каталонскиот спорт утрово објави дека Пјаниќ е во контакт со Барселона, и дека се подготвува да дојде во овој град. Беше решено дека тој ќе се приклучи на тренинзите на новиот клуб на крајот на август, откако Јувентус официјално ќе ја заврши сезоната.

Играчот од средниот ред нема да има многу време за одмор бидејќи наскоро ќе започне новата сезона во Ла Лига, а тој ќе има многу малку време да се вклопи во новиот тим.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.