SportM
Фудбал

Познато е кога Обамејанг ќе дебитира за Челзи

Д М3 сеп 2022
Познато е кога Обамејанг ќе дебитира за Челзи

Челзи во последниот ден од преодниот рок го комплетираше трансферот на Обамејанг од Барселона.

Двата тима долго време преговараа за цената на трансферот, а на крајот беше договорено Челзи на Барселона да и плати 12 милиони евра.

Обамејанг многу брзо се врати во Лондон, но не во дресот на Арсенал, туку сега ќе настапува во тој син, дрес на Челзи.

Долго време се шпекулира кога Oбамејанг ќе биде подготвен да дебитира за својот нов тим бидејќи се бори со скршената вилица.

Сите дилеми ги реши тренерот на Челзи, Томас Тухел.

„Ќе се обидеме со маската, но зависи од тоа колку време ќе биде потребно за да се направи маската и од Oбамејанг да се прилагоди на ситуацијата“, рече Тухел, додавајќи:

Денеска го нема, можеби ќе игра во Загреб, но секако е тука за Фулам“, заклучи тренерот на Челзи.

Така навивачите на Челзи ќе мора да почекаат да го видат дебито на својот нов напаѓач.

Она што е сигурно е дека Обамејанг, особено во ситуацијата во која се наоѓа Челзи, ќе претставува големо засилување во нападот на овој тим.

Причината повеќе за фановите на овој тим да бидат возбудени поради неговото доаѓање е неговиот одличен однос со тренерот Тухел.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.