SportM
Фудбал

Познато е кого Куман прво го отпиша и тоа му го кажа во лице

Д М22 авг 2020
Познато е кого Куман прво го отпиша и тоа му го кажа во лице

Барселона ќе направи големи промени во играчкиот персонал ова лето, а новиот тренер Роналд Куман веќе презеде акција.

Куман пред неколку дена беше официјално претставен како нов тренер на Барселона и јасно е дека пред него има тешка работа. Барселона имаше сезона за заборав во која не успеаја да освојат трофеј, и нема потреба да се зборува за дебаклот во Лигата на шампионите.

И покрај тешката состојба, холандскиот стручњак реши да ја прифати поканата и да дојде во Барселона. Куман веќе презеде акција и прво разговараше со играчите на кои повеќе нема да смета.

Каталонскиот спорт утрово објави дека Куман имал средба со Артуро Видал, и дека тој бил првиот фудбалер на кој му било кажано дека нема да смета на него и дека може да бара нов клуб.

Куман му ги објасни на Чилеанецот своите идеи и што сака да направи во Барселона. Видал не е дел од тие идеи и тој му го кажа тоа во лице. Исто така, постојат шпекулации дека Видал би можел да се врати во Јувентус, откако беше повикан од Андреа Пирло. Но, што ќе биде крајот останува да се види.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.