Познато е кој број ќе го носи Азар во Реал
Д М7 јун 2019

Иако трансферот сеуште не е објавен, целата спортска јавност Азар го смета за играч на Реал.
По заминувањето на Роналдо, „седмицата“ отиде кај Маријано Дијаз. Но со доаѓањето на Еден Азар, се чини дека шпанскиот стрелец ќе мора да му го отстапи бројот на ѕвездата.
Еден Азар во Челзи го носеше бројот 10 но во Реал, ќе ја добие „седмицата“.
Тоа беше забележано во една од официјалните продавници во „лос бланкос“ (на аеродромот во Барселона) каде може да се купи дрес на Белгиецот, со број 7 на грбот.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



