SportM
Фудбал

Познато е колку пари изгубиле германските клубови од ТВ-правата

Д М13 јун 2020
Познато е колку пари изгубиле германските клубови од ТВ-правата

Пандемијата на коронавирус создаде огромни проблеми за европскиот фудбал, а Германците ќе останат лишени од 150 милиони евра.

Според извештајот на списанието „Кикер“, клубовите во Бундес лигата и Бундес лига 2 изгубиле 150 милиони евра само од ТВ-правата заради коронавирусот.

Наместо планираните 1,35 милијарди евра, клубовите треба да делат 1,2 милијарди, јавува Кикер, повикувајќи се на писмото од финансиската комисија на германската фудбалска лига (ДФЛ).

ДФЛ не беше достапна да ја коментира целата приказна, но тие признаа дека има проблеми со исплатата откако Бундеслигата беше запрена.

Новата продажба на ТВ-права важи за периодот од 2021/22 до сезоната 2024/25 и тие беа продадени за вкупно 4,64 милијарди евра, а ДФЛ се надева дека новата сума ќе биде уште поголема, овозможувајќи им на клубовите да функционираат нормално.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.