Познато е што мора да направи Алегри за да остане тренер на Јувентус

Репрезентативната пауза заврши и веќе викендов продолжуваат натпреварите во домашните првенства.
Секако, луѓето веднаш почнаа да зборуваат за голем број на тимови кои играат многу лошо оваа сезона, а Јувентус е водечки.
Навивачите на овој тим минуваат низ многу тешки моменти, бидејќи нивниот тим не личи на она што сме навикнати да го гледаме од нив.
Моментално се наоѓаат на осмото место на табелата во домашното првенство, додека во Лигата на шампионите имаат забележано два порази во два натпревари.
Пред репрезентативната пауза беа поразени на гостувањето кај Монца, а се очекуваше и тогаш Алегри да добие отказ. Меѓутоа, тогаш тоа не се случи.
Сепак, по многубројните разговори, на Алегри му е даден ултиматум од пет натпревари, барем така пренесуваат италијанските медиуми.
Очигледно, Алегри добил ултиматум за следните пет натпревари, а се работи за натпреварите од Лигата на шампионите, а секако и за натпреварите од домашното првенство.
Кога е во прашање Лигата на шампионите, Јувентус на Алегри мора да оствари победи во следните два натпревари а противник е Макаби.
Од друга страна, во италијанското првенство треба да освојат седум бода од следните три натпревари, а противниците воопшто не се лесни.
Станува збор за натпревари со Болоња во недела, и дерби со Милан и Торино кои ќе се играат во неделите што следат.
Останува да видиме дали избраниците на Алегри ќе успеат да ја остварат зацртаната цел, и дали овој тренер ќе може да ја задржи работата.



