Connect with us

Фудбал

Познато е што судијата му рече на Меси кога му даде жолт картон за соблекувањето на дресот

Барселона денес ја победи Осасуна со 4:0 на домашен терен, а натпреварот го одбележа Лионел Меси.

Меси постигна одличен погодок во 73. минута за 4:0, а потоа реши да му го посвети на Диего Марадона. Аргентинецот го соблече дресот, а подолу беше дресот на Марадона од времето кога играше за Њуелс.

Потегот на Меси ја воодушеви фудбалската јавност и многумина рекоа дека тој се збогувал со својот идол на оригинален начин.

Дури и судијата Лахоз беше трогнат од овој потег што го покажа кога му даде жолт картон на Меси. Имено, по правило, судијата мора да му даде жолт картон на играчот за соблекување на дресот, но сега на Лахоз му беше многу тешко.

Шпанските медиуми дури открија што му рече главниот судија на Меси кога му покажа жолт картон и беше јасно дека тој не сака да го стори тоа.

„Жyал ми е што го правам ова сега, но такви се правилата“, му рече Лахоз на Меси.

Advertisement