SportM
Фудбал

Пред натпреварот од Лигата на шампионите го намалија голот за 10 сантиметри, а на крајот се посрамотија

Д М30 сеп 2022
Пред натпреварот од Лигата на шампионите го намалија голот за 10 сантиметри, а на крајот се посрамотија

Невидена ситуација беше забележана на реваншот од женската нокаут фаза од Лигата на шампионите.

Во Лондон Арсенал и Ајакс одиграа 2:2, но дамите кои ги бранат боите на тимот од северен Лондон пред патувањето во Амстердам беа фаворити за продолжување.

Домаќините беа свесни дека тешко ќе се добие натпреварот, па смислија интересен план – го намалија голот за 10 сантиметри!

Тренерот на Арсенал, Јонас Еидевал на почетокот на натпреварот ги известил судиите дека има нешто чудно со рамките на головите и побарал да ги измерат.

По проверките е утврдено дека два гола се за 10 сантиметри пониски во висина од пропишаните од ИФАБ.

Така домаќините беа принудени да ги прилагодат висините како што налагаат правилата и на инсистирање на судиите. Така и се случи, а Арсенал на крајот победи со 1:0.

“Тоа беше многу чудно искуство. Игравме против толку голем клуб како Ајакс и моравме да ги мериме головите пред почетокот на натпреварот. Ништо такво не ми се случи, да бидам искрен. Многу е чудно, но можеме го контролираме само она што ни е дозволено“, изјави Јонас Еидевал на крајот од мечот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.