SportM
Фудбал

Пред пет дена го бркаа од клубот, а синоќа доби овации што се сон на секој играч (ВИДЕО)

Д М13 мар 2022
Пред пет дена го бркаа од клубот, а синоќа доби овации што се сон на секој играч (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо вчера одигра неверојатен натпревар против Тотенхем.

Манчестер Јунајтед пред своите навивачи успеа да го победи Тотенхем со 3:2, а херој на натпреварот беше Роналдо кој постигна хет-трик.

Португалецот се врати во тимот откако од непознати причини не играше на градското дерби против Манчестер Сити, а синоќа покажа колку е мотивиран по бројните критики кои ги доби.

Навивачите на Јунајтед го критикуваа Роналдо затоа што мислеа дека тој намерно не играл против Сити бидејќи знаел дека нема да биде во стартниот состав, а не им се допаѓа како се однесува кон клубот.

Но, по синоќешната претстава на Театарот на соништата, јасно е дека навивачите на „црвените ѓаволи“ експресно го заборавија сето тоа.

По завршувањето на натпреварот, Роналдо се упати кон соблекувалната, а додека го напушташе стадионот доби неверојатни овации од навивачите на Манчестер Јунајтед кои беа во транс по уште еден негов блескав настап.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.