SportM
Фудбал

Преговорите започнуваат, Нејмар добива договор од соништата

Д М16 јул 2020
Преговорите започнуваат, Нејмар добива договор од соништата

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, започна преговори за да продолжи да работи со францускиот шампион.

Според француските медиуми, ПСЖ го поканил Нејмар на разговори за проширување на соработката и Бразилецот наскоро би можел да потпише договор од соништата.

“Преговорите за проширување на соработката започнаа пред неколку недели. Сè оди во позитивна насока. Нема посебен напредок, но Нејмар е подготвен да го продолжи договорот со клубот”, изјави специјалистот за трансфер Мохамед Бухафси.

Нејмар има тековен договор со ПСЖ до летото 2022 година. Сепак, судејќи според информациите од пред неколку месеци, кога се пишуваше и за потенцијалното продолжување на соработката, бразилската sвезда може да добие вистински спектакуларен договор.

Наводно, ПСЖ подготви петгодишен договор за Нејмар во вредност од нереални 50 милиони евра по сезона, а тоа се пари што апсолутно никој не можеше да ги одбие.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.