„Прекинете го ова лажно првенство“

Навивачите на Интер се разгореа на социјалните медиуми, откако решија да го одложат дербито.
Дербито Јувентус – Интер требаше да се игра вечерва, но заради вонредната состојба и зголемената зачестеност на случаи заразени од коронавирус, донесена е одлука дуелот да се одигра на 13 мај, кога би можело да биде уште понапната борбата за Скудето.
Одложувањето на дербито е најлош пад за навивачите на Интер, па на Твитер започнат со акција обележана #CampionatoFalsato со порака дека „ова лажно првенство треба да биде прекинато“.
Навивачите на Интер се свесни дека би било полесно дербито да се игра вечерва зад затворените врати отколку во финалето на првенството. На крајот на краиштата, Интер би можел да има дури осум натпревари (од 3 до 27 мај), особено ако стигнат до финалето во Лигата на Европа …
Интер моментно е рангиран на третото место со 54 бода, Јуве има 60 и натпревар повеќе, а лидер е Лацио, вчера со два натпревари повеќе и 62 бода.
Навивачите на миланскиот клуб се надеваат дека конечно ќе стигнат до титулата оваа сезона, но освен традиционално „непобедливиот“ Јуве оваа сезона има и одличен Лацио.



