Премиер лигата нема подобар од Хари Мегваер!

Еден од најконкурентните фудбалери на планетата, а секако и најконкурентен во Англија, стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е прогласен за најдобар играч на месец ноември во Премиер лигата.
Стандардниот првотимец на „црвените ѓаволи“ и репрезентативец на Англија постојано е мета на критики, но критичарите ги „замолкна“ со одличните игри во првиот месец за кои доби ласкави признанија.
Манчестер Јунајтед славеше на сите три натпревари во Премиер лигата во ноември, а избраниците на Ерик тен Хаг не примија гол на нив, најмногу благодарение на Мегваер.
Мегваер и неговите пријатели ги победија Фулам и Лутон со по 1:0, додека беа убедливи на гостувањето кај Евертон и победија со 3:0. Тоа беше доволно стоперот да биде избран за најдобар во најсилната лига на светот.



