SportM
Фудбал

Премиерлигашот е заинтересиран за Јовиќ

Д М18 окт 2021
Премиерлигашот е заинтересиран за Јовиќ

Лука Јовиќ се сели од Реал Мадрид, речиси откако потпиша за него, а сега се појавија нови информации дека кариерата би можел да ја продолжи во Англија.

Арсенал бара напаѓач, и во српскиот репрезентативец гледа идеално решение.

Лондонскиот клуб бара соодветна офанзива од заминувањето на Оливие Жиру.

Во Јовиќ гледаат идеален напаѓач, а самиот фудбалер би добил поголема минутажа од онаа што ја има во Реал Мадрид и шанса да се испроба во најдоброто фудбалско првенство во светот.

Јовиќ премина во Реал Мадрид од Ајнтрахт за 60 милиони евра во 2019 година.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.