SportM
Фудбал

Пресметаа сè: Меси заработува четири евра во секунда во Барселона

Д М31 јан 2021
Пресметаа сè: Меси заработува четири евра во секунда во Барселона

Детали за договорот на Лионел Меси со Барселона протекоа синоќа во шпанските медиуми, што создаде голема конфузија.

Меси најави тужба за информациите што беа презентирани затоа што тврди дека само пет лица знаеле за деталите од неговиот договор со Барселона, кој го потпиша во 2017 година.

Имено, Меси за четири години од договорот ќе заработи нереални 555 милиони евра. Тој собира 139 милиони евра по сезона плус дополнителни бонуси, што е навистина неверојатно.

Но, статистичарите отидоа чекор подалеку и дури пресметаа колку Меси заработува во секунда.

Аргентинецот заработува нереални 381.000 евра за еден ден, 15.875 евра на час и 265 евра за минута. Тие дури пресметаа дека според овој договор, Меси заработува четири евра во секунда во Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.