SportM
Фудбал

Пресврт на Милионерите во режија на Халанд

Д М18 апр 2021
Пресврт на Милионерите во режија на Халанд

Борусија Дортмунд го искористи поразот на Ајнтрахт и повторно се вклучи во борбата за четвртото место, кое води во Лигата на шампионите, бидејќи на домашен терен го совлада Вердер Бремен со 4:1.

Повторно, режисер на многу важен триумф беше Ерлинг Халанд. Норвежанецот постигна два нови гола и со тоа го прекина постот од четири натпревари во дресот на клубот.

Сепак, не се одвиваше најдобро за домашниот тим. Вердер поведе во 14. минута со голот на Милот Рашица. Екипата од Бремен водеше 15 минути, а потоа Реина донесе израмнување. Во 34-та минута Халанд постигна гол, а само четири минути подоцна по втор пат ја затресе мрежата.

Со резултатот од 3:1 замина на полувремето и тој резултат беше на сила се до 87-та минута кога Торган Азар му асистираше на Хумелс за конечни 4:1.

Борусија е петта на табелата со 49 бода и на пет кола пред крајот има четири помалку од Ајнтрахт на четвртото место. Вердер е 13-ти со 30 бода, четири повеќе од Херта која е 16-та на местото што води до баражот за опстанок и седум од Келн, кој е во зоната за испаѓање.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.