Поврзи се со нас

Фудбал

Претседателот на Барселона конечно зборува, откако беше обвинет од Меси дека не го одржал зборот

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу изјави дека тој едноставно не може да дозволи Лионел Меси да го напушти клубот, нагласувајќи дека Аргентинецот е најдобар во светот и дека на тимот му е потребен.

Меси го шокираше фудбалскиот свет и Барселона кога минатиот месец достави писмо за заминување, но Барса одби да му дозволи да замине бесплатно

Ова го принуди Меси конечно да реши да остане во клубот и оваа сезона, но го критикуваше Бартомеу дека го прекршил зборот и не му дозволил да си замине како што ветил.

Но, Бартомеу – кој е под голем притисок – верува дека нема друг избор освен да го задржи капитенот, за кого верува дека ќе направи разлика за тимот на Роналд Куман оваа сезона.

„Не сакам да бидам во конфликт со него. Тој е наш капитен и лидер на нашиот тим“, рече Бартомеу за Меси во интервју за ТВ3.

„Не можев да го пуштам да го напушти клубот. Тој е најдобриот играч на сите времиња и на тимот му треба. Имајќи го Меси, успехот е загарантиран“, подвлече тој.

„Мораме да си честитаме што го натеравме Меси да остане со нас и за начинот на кој се однесуваше последните денови. Најдобриот играч на светот треба да остане дома“.

Advertisement

Facebook

Реклама