Connect with us

Фудбал

Претседателот на УЕФА реагира по веста дека Ливерпул нема да биде прогласен за шампион во Премиер лигата

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека нема шанси на Ливерпул да му биде одземена титулата во Премиерлигата оваа сезона, дури и ако преостанатите натпревари не се одиграт поради пандемијата на коронавирус.

Чеферин во понеделникот вечер изјави дека Ливерпул сигурно ќе ја освои титулата во Премиер Лигата доколку сезоната се врати, додека ако коронавирусот предизвикува да не се одиграат преостанатите натпревари, тогаш сè уште нема можност сезоната 2019/20 во англиската елитна лига да биде прогласена за неважечка.

Црвените имаат предност од 25 поени во однос на второпласираниот Манчестер Сити на осум натпревари до крајот на првенството.

„Не гледам никаква можност Ливерпул да остане без титула. Доколку првенството продолжи, тогаш дефинитивно ќе ја освои, теоретски сè уште не ја освоил, но практично е многу близок“, рече Чеферин за словенечкиот весник „Екипа“.

„Меѓутоа, ако натпреварите не можат да се играат, потребно е некако да се објават резултатите и мора да се најде начин како да се прогласи за шампион. И, се разбира, не гледам никакво сценарио во кое Ливерпул не е шампион“, додаде тој.

„Јас разбирам дека навивачите ќе бидат разочарани ако тоа се случи на празен стадион или на зелена маса, но верувам дека Ливерпул ќе ја освои титулата на овој или друг начин“, рече тој.