SportM
Фудбал

Пристигна информација за тежината на повредата на Карим Бензема

Д М5 дек 2021
Пристигна информација за тежината на повредата на Карим Бензема

Реал Мадрид синоќа славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад со 0:2.

За Кралевите не одеше се добро, бидејќи Карим Бензема поради повреда ја напушти играта во 17. минута.

Наместо тоа, на теренот влезе Лука Јовиќ, а српскиот напаѓач одлично го замени со оглед на тоа што му асистираше за гол на Винисиус, а потоа и самиот влезе во стрелците за победа на гостите.

Денеска пристигнуваат охрабрувачки вести за Карло Анчелоти и сите навивачи на Реал Мадрид.

Карим Бензема не е сериозно повреден и треба да биде подготвен за вторник и натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите против Интер. Сепак, постои можност тој да го прескокне овој натпревар и да се врати за викенд во мадридското дерби против Атлетико во шпанската Примера.

Бензема оваа сезона во Лигата на шампионите има постигнато пет гола со една асистенција, додека во шпанската Примера постигна 12 гола и додаде 11 асистенции и е најдобар стрелец во лигата.

Неговото подолго отсуство дефинитивно би било голем хендикеп за Реал Мадрид, кој е главен кандидат за освојување на титулата во Шпанија оваа сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.