SportM
Фудбал

Пристигна одговорот на прашањето дали Вернер ќе игра за РБ Лајпциг во Лигата на шампионите во август

Д М18 јун 2020
Пристигна одговорот на прашањето дали Вернер ќе игра за РБ Лајпциг во Лигата на шампионите во август

Реализиран е најголемиот трансфер во ерата на коронавирус. Челзи и РБ Лајпциг официјално потврдија дека Тимо Вернер е новиот фудбалер на лондонскиот клуб.

РБ Лајпциг ќе игра во Лигата на шампионите на мини турнирот во Лисабон во август како еден од клубовите кои веќе стигнаа до четвртфиналето.

Со оглед на тоа што Вернер е официјално нов играч на Челзи од 1 јули, веднаш се појави прашањето дали големиот германски напаѓач би играл за РБ Лајпциг во Лигата на шампионите.

Сите дилеми ги реши германскиот клуб, кој во кратко соопштение изјави дека Нагелсман нема да може да смета на својот поранешен играч за време на Лигата на шампионите во август.

 
“Вернер ќе се пресели во Челзи на 1 јули 2020 година. Напаѓачот ќе го напушти Ред Бул по четири успешни години и потпиша долгорочен договор. Клубовите се согласија да не влегуваат во понатамошни детали. Вернер нема да игра со нас во Лигата на шампионите во август” изјавија од РБ Лајпциг.

Според неофицијалните информации, Вернер потпишал петгодишен договор, а сумата на трансферот изнесувала 60 милиони евра.

Челзи игра реванш од 16 коло против Баерн во август, УЕФА го одобри проширувањето на списокот со тројца нови играчи, а останува да се види дали Вернер ќе се регистрира и ќе игра во Минхен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.