SportM
Фудбал

Пристигна првата понуда за Џуд Белингем?

Д М11 апр 2023
Пристигна првата понуда за Џуд Белингем?

Фудбалскиот клуб Ливерпул испратил понуда до Борусија Дортмунд за Џуд Белингем, пренесува новинарот и стручен консултант Јан Аге Фјортофт.

Човек кој се движи во добро информирани кругови во Германија, како поранешен фудбалер, а сега новинар и аналитичар, денеска на својот Твитер профил го објави следното сознание – Ливерпул испрати понуда за Џуд Белингем.

Барем според досега познатите информации, а ако тоа е вистина, понудата на Ливерпул е првата што пристигнала на адреса на Борусија Дортмунд за одличниот англиски играч за врска.

Претходно денеска германскиот „Ruhr Nahrichten“ објави дека Белингам ја донел својата одлука за тоа каде ќе настапи и дека планира наскоро да ја објави.

Која е бројката – не е наведено. Сепак, се понудува таа да изнесува околу 100.000.000, што значи дека Ливерпул првично ќе се обиде да го испита пазарот околу овој перспективен фудбалер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.