Пристигна – Завршен е првиот голем трансфер, можеби соборен и рекордот
Д М25 дек 2022

Матеус Куња е првото големо засилување во овој зимски преоден рок. Жулен Лопетеги го доведе Бразилецот од Атлетико Мадрид на позајмица со опција за откуп на крајот на договорот.
Доколку тоа се случи, Куња ќе ги чини „волците“ 50.000.000 евра и тоа ќе биде рекордна набавка за Вулверхемптон, откако досега најмногу „волците“ ги чинеше Матеус Нунес од Спортинг Лисабон, кој беше платен 45 милиони евра.
Куња не импресионираше во тековниот дел од сезоната, па можеби не е чудно што Атлетико сакаше да се ослободи од него. Бразилецот оваа сезона на теренот мина 510 минути и постигна два гола. Во Ла Лига има постигнато седум гола.
Овој 21-годишен фудбалер се пресели од Херта во Атлетико Мадрид во летото 2021 година за 30 милиони евра.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



