Проблем за Јунајтед – се повреди Онана
Д М20 ное 2023

Камерунскиот голман и играч на Манчестер Јунајтед Андре Онана се повреди за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Камерун и Маурициус.
Онана го напушти теренот во 81. минута, а нема да игра на натпреварот против Либија.
Од Фудбалскиот сојуз на Камерун не прецизираа за каква повреда се работи, ниту за тежината на повредата.
Онана летово се пресели од Интер во Манчестер Јунајтед за 47,2 милиони фунти, а оваа сезона играше на сите 18 натпреварувачки натпревари за Јунајтед.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



