Проблеми има и ПСЖ: Тројца отпаднаа за дуелот со Баерн, тројца се вратија
Д М13 апр 2021

ПСЖ вечерва во Париз ќе го пречека Баерн во реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Парижаните имаат 3:2 од првиот натпревар, но Баерн сепак е фаворит според многумина и покрај тоа што го нема Роберт Левандовски.
Маурисио Покетино исто така има проблеми со играчкиот кадар и не може да смета на Маркињос, Курзава и Икарди, додека се вратија Верати, Флоренци и Диало.
Маркињос, Курзава и Икарди беа повредени, како и Бернат од порано. Беше под знак прашалник дали Кејлор Навас ќе биде подготвен, бидејќи и тој беше повреден, но се чини дека сè е во ред со него.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



