Проблеми за Лампард – Челзи ослабнат на „Енфилд роуд“
Д М21 јул 2020

Еден од поинтересните натпревари од 37. коло од Премиер лигата ќе се одигра на „Енфилд роуд“ меѓу Ливерпул и Челзи.
„Сините“ ќе бидат ослабени, поточно Лампард нема да може да смета на Н’Голо Канте, чие отсуство го потврди и самиот Лампард.
„Н’Голо не е подготвен, тој нема да игра на утрешниот натпревар“, рече Лампард, кој веќе некое време не може да смета на францускиот играч од средниот ред.
Канте, кој постигна еден гол оваа сезона, се повреди на почетокот на јули кога Челзи го совлада Вотфорд со 3:0.
Патем, на Челзи му требаат поени за да го потврдат учеството во Лигата на шампионите, додека Ливерпул може да игра комплетно растеретен.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



