SportM
Фудбал

Проблеми за тренерот Киву: Џонс ќе отсуствува 20 дена!

SPORTM.mk8 окт 2026
Проблеми за тренерот Киву: Џонс ќе отсуствува 20 дена!

Проблеми за англискиот играч од средниот ред на Интер, Кертис Џонс. Денеска наутро, тој беше подложен на клинички и дијагностички прегледи кои открија миофасцијално истегнување на адукторните мускули на десниот бут.

Неговата состојба ќе биде повторно оценета во наредните денови од медицинскиот тим на црно-сините, но според првичните извештаи, тој може да биде надвор од теренот 15–20 дена и да пропушти пет натпревари (Парма, Бриж, Болоња, Шахтјор Доњецк и Фиорентина).

Според италијанските медиуми, Кертис Џонс, кој дојде ова лето од Ливерпул за 30 милиони евра, може да се врати или на натпреварот против Венеција на 28 октомври, или на дербито против Милан на 31 октомври.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.