SportM
Фудбал

Продажба на МУ? „Тоа е тековен процес“

Д М15 дек 2022
Продажба на МУ? „Тоа е тековен процес“

Доколку се прашувавте што има ново за продажбата на Манчестер Јунајтед, нема да знаете ништо повеќе ниту по изјавите на Аврам Глејзер и Ерик тен Хаг на оваа тема. Но, задолжително прочитајте го. Не е неинтересно.

Аврам Глејзер го информираше печатот за веста во врска со продажбата на Манчестер Јунајтед на следниов начин:

„Тоа дури и не мора да биде продажба, тоа е процес и ние продолжуваме со тој процес и ќе видиме што ќе се случи. Тоа е ново, тоа е процес и процесот продолжува“, рече тој.

А за продажбата на Манчестер проговори и менаџерот Ерик тен Хаг.

„Информациите што ги имам говорат дека се е добро бидејќи ќе има повеќе инвестиции, што е добро. Ја гледам конкуренцијата околу Премиер лигата. Секој има можност да инвестира. Тешко е да се натпреваруваш со седум или осум клуба. Околностите се сменија во однос на периодот пред пет или десет години. Конкуренцијата е потешка. Доаѓа Њукасл, а и Вест Хем, можеби табелата не го покажува тоа, но тие многу вложуваат. Тотенхем дефинитивно, Сити, Челзи, Ливерпул. Не треба ни да зборувам за нив. Има седум-осум клубови, но има и такви од долниот дел на табелата. Нема слаби тимови“, изјави Тен Хаг.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.