SportM
Фудбал

Продолжува уште едно првенство: Кој ќе одбие да игра, ќе биде казнет

Д М6 апр 2020
Продолжува уште едно првенство: Кој ќе одбие да игра, ќе биде казнет

И покрај пандемијата на коронавирус, во Бурунди првенството ќе продолжи.

До крајот на сезоната останаа уште три кола, а одлуката за продолжување ја донесе Министерството за здравство на состанок со Федерацијата и претставниците на клубовите од првата и втората лига.

Вчера во Бурунди беа пријавени три случаи на коронавирус, но решено е првенството да се игра со превентивни мерки за фудбалерите и гледачите.

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Бурунди изјави дека клубовите кои одбиваат да играат, ќе загубат натпревари со официјален резултат, но и ќе бидат казнети.

Интересно е што, животот е сосема нормален во Буруни, за разлика од соседните земји.

Сегашниот лидер во Бурунди Примус лига е Ла Месагер Нгози со 55 поени, Мусонгати 51 и Динамик 42.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.