SportM
Фудбал

Продолжуваат проблемите за Реал Мадрид

Д М17 јан 2023
Продолжуваат проблемите за Реал Мадрид

Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал е новата тешкотија со која се соочува тренерот Карло Анчелоти поради неговата повреда.

Имено, Карвахал почувствувал мускулни проблеми по мечот со Барселона и голема е веројатноста дека за два дена ќе го прескокне дуелот со Виљареал во Купот на кралот, исто како и средбата со Билбао викендов во Ла Лига.

Бидејќи Карло Анчелоти не може ни да смета на Лукас Васкез, кој се повреди во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп против Валенсија и ќе отсуствува месец и половина, неговите опции остануваат Алваро Одриозола и Начо, а се шпекулира дека Антонио На таа позиција би можел да игра и Ридигер.

Реал моментално е во многу лош ритам по враќањето на клупскиот фудбал. Тие загубија два од последните три натпревари, а еден од тие два порази им го нанесе Виљареал со кој играат во четврток.

Освен гореспоменатите играчи, во аут се и Давид Алаба и Орилијен Чуамени.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.