SportM
Фудбал

Пропаѓа трансферот на Алиоски во Трабзон

Д М19 јул 2022
Пропаѓа трансферот на Алиоски во Трабзон

Како што стојат работите, македонскиот репрезентативец Егзјан Алиоски нема да премине во редовите на турскиот шампион Трабзон, иако таа работа изгледаше како однапред завршена завршница.

Поранешниот фудбалер на Лидс веќе ги спакува куферите, но како што стојат работите Трабзон го загуби трпението. Имено, играчот и неговиот агент изгледа премногу се „одолговлекуваа“ во преговорите со Трабзон. Затоа овој клуб најде замена за Алиоски во домашната лига.

 

Трабзон го доведе Ерен Елмали од Касимпаша на левата бековска позиција и затоа повеќе не му е потребен Алиоски. Клубот го известил агентот на овој фудбалер и го известиле дека сега бараат играчи на други позиции.

 

Алиоски инаку без проблеми и без обештетување може да си замине од Ал Ахли бидејќи клубот испадна од елитното место во Саудиска Арабија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.