Прв тренерски отказ во Премиер лигата

Шефилд Јунајтед е првиот тим кој го смени менаџерот во Премиер лигата оваа сезона.
Пол Хекингботон доби отказ, а веќе е познато дека негов наследник е Крис Вајлдер, кој ќе се обиде да го спаси она што може да се спаси.
Шефилд имаше катастрофален почеток на сезоната и по 14 одиграни кола падна на последното 20. место на табелата со само пет бода на своето конто.
Единствениот тим што Шефилд Јунајтед го победил е Вулверхемптон, додека ремизирале со Евертон и Брајтон. Сите останати беа порази, гол разликата е -28, па не чуди што Хекингботон остана без работа.
Шефилд Јунајтед во саботата беше декласиран на гостувањето кај Барнли, беше 0:5 и тогаш веќе се знаеше дека смената на менаџерот е завршена работа.
Вајлдер ќе има многу тешка задача на своето деби, бидејќи Шефилд Венсдеј му гостува на Ливерпул во 15. коло.



