SportM
Фудбал

Првин “ги измами” минатото лето и сега ги моли да го купат

Д М19 мар 2019
Првин “ги измами” минатото лето и сега ги моли да го купат

Францускиот напаѓач Антоан Гризман минатото лето беше на чекор во трансфер во Барселона, но на крајот одлучи да остане во Атлетико Мадрид.

Сагата околу преминот на Гризман во Барселона траеше неколку недели и се чинеше дека Французинот ќе ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб.

Иако беше кажано дека направиле пред-договор на крајот, ништо од тоа, бидејќи Гризман објави дека останува во Атлетико Мадрид. Меѓутоа, изгледа дека се кае поради тоа.

Познатиот „Мундо Депортиво“ на насловната страна денес објави дека Гризман жали и ќе стори сé за да го привлече интересот на Барса и да се приклучи на каталонскиот клуб на крајот од сезоната.

Очигледно, тој им кажал на неговите агенти повторно да воспостават контакти со Барселона и да им кажат дека сака да се пресели во овој тим. Ако Барса одлучи да го направи овој трансфер, може да чини околу 120 милиони евра.

Сепак, каталонскиот клуб не сака туку така да ја заборави “измамата” на Гризман од минатото лето и јасно ставија до знаење дека првата цел ќе биде Лука Јовиќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.