SportM
Фудбал

ПСЖ броеше до седум, но најголемо внимание привлече однесувањето на Мбапе и Нејмар

Д М22 авг 2022
ПСЖ броеше до седум, но најголемо внимание привлече однесувањето на Мбапе и Нејмар

ПСЖ продолжи да демонстрира супериорност над своите противници. Во меч кој беше дерби само на хартија, Лил беше поразен со високи 1:7.

 

Иако париските принцови стигнаа до 7, најголемо внимание привлече однесувањето на Нејмар и Мбапе по препукувањата против Монпелје.

Мбапе мечот го заврши со хет-трик, додека Нејмар постигна два гола и две асистенции за француската суперѕвезда.

Судејќи според случувањата на теренот, сите несогласувања се меѓу нив, бидејќи заедно славеа голови, добро работеа на теренот и се поздравуваа со насмевка.

ПСЖ веќе имаше предност по 8 секунди игра, бидејќи Меси на феноменален начин го искористи Мбапе, кој го лобуваше голманот.

 

По серијата пропуштени шанси, во 28. минута пристигна нов гол, а стрелец беше Меси. Тоа беше трет гол за Аргентинецот сезонава.

До крајот на првото полувреме меѓу стрелците се запишаа и Хакими и Нејмар.

А на полувремето можеше да се види Нејмар како ги теши разочараните играчи на Лил на пат кон соблекувалната, а јасно беше дека нема тепачка.

 

На стартот од вториот дел, Нејмар погоди на асистенција на Хакими, додека Бамба две минути подоцна го постигна утешниот гол за домашните.

 

До крајот на натпреварот, Мбапе го комплетираше својот хет-трик откако Нејмар на несебичен начин и двата пати го „почитуваше“ со асистенции.

Инаку, ова беше четврти последователен првенствен натпревар за ПСЖ на кој овој тим постигна најмалку пет гола. Последниот тим што го направи ова беше Ремс во сезоната 1952/53.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.