ПСЖ „дебело“ го плаќа Меси, но цифрата што ја заработуваат поради него е неверојатна

Лионел Меси минатата година се пресели во Пари Сен Жермен, а ефектот од неговото доаѓање е веќе очигледен.
Имено, ПСЖ за една година заработил 700 милиони евра, а единствена причина за профитот, како што наведува Марка, е доведувањето на Лионел Меси.
Клубот најголемиот дел од парите ги заработи од маркетиншки договори, бидејќи доаѓањето на Меси привлече нови спонзори, но и подобри договори од постоечките спонзори.
Секако, се зголеми и продажбата на дресови, што е сосема логично, бидејќи секој сакаше да има свој дрес со името на Меси на грбот.
Според пишувањата на шпанските медиуми, барањата за дресови се зголемиле за околу 40 отсто по доаѓањето на Меси во Пари Сен Жермен, а повеќе од милион од нив биле продадени по цена од околу 160 евра.
Секако, клубот не ја добива целосната бројка од заработката, но сигурно е дека заработија многу повеќе отколку што беше случај досега.
Во клубот, секако, најмногу се радуваат поради побогатите договори со спонзорите, и доаѓањето на нови спонзори по потписот на Меси.
Така, неговото доведување, покрај играњето на зелениот терен, беше и одлично изведен маркетиншки трик на клубот од Франција.
Прашање е како ПСЖ би се справил со заминувањето на Меси, а се почесто се зборува за негово враќање во Барселона.
Сепак, како што самиот потврди, Меси оваа година нема да донесе никаква одлука, а наводно се ќе биде целосно јасно во јануари следната година.



