SportM
Фудбал

ФОТО: ПСЖ ги претстави роденденските дресови!

Д М21 јул 2020
ФОТО: ПСЖ ги претстави роденденските дресови!

ПСЖ ја одбрани француската титула и ја потврди нивната доминација во Лига 1, а сега завршницата од Лигата на шампионите е пред „светците“.

ПСЖ се надева на финалето во елитното меѓународно натпреварување, а во меѓувреме ќе го прослави својот 50. роденден.

ПСЖ беше официјално „роден“ на 12 август 1970 година.

По повод 50-годишнината од клубот, ПСЖ ги претстави и „роденденските“ дресови во кои тимот ќе игра натпревари во сезоната 2020/2021.

Не е тешко да се забележи дека дресовите се во „ретро“ стил и дека се инспирирани од некои дресови на ПСЖ од минатото.

Уште еднаш, парижаните ќе имаат исклучително убави дресови, дома и на гости:

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.