SportM
Фудбал

ПСЖ ги зголеми безбедносните мерки по протестите на навивачите

Д М4 мај 2023
ПСЖ ги зголеми безбедносните мерки по протестите на навивачите

На пет натпревари пред крајот на францускиот шампионат, ПСЖ на првото место има пет бода повеќе од Марсеј на втората позиција.

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен денеска ги зголеми безбедносните мерки пред тренинг центарот и пред домовите на играчите на тој тим, по протестот на навивачите, јави денеска агенцијата Франс прес.

Во средата, неколку стотици приврзаници се собраа пред просториите на парискиот клуб за да го изразат своето незадоволство од резултатите , навредувајќи одредени играчи како Марко Верати, Лионел Меси, Нејмар (повредени до крајот на сезоната), како и тренерот Кристоф Галтиер.

Во средата околу 20 часот, неколкумина се собрале пред куќата на бразилскиот напаѓач Нејмар, пеејќи навредливи песни, изјавил за АФП еден од изворите, прецизирајќи дека некои од нив навестиле дека „секоја вечер ја повторуваат акцијата “ .

Во средата навечер, ПСЖ ги осуди „неподносливите и навредливи акции на мала група навивачи“ .

Фудбалерите на ПСЖ беа поразени во неделата на домашен терен од тимот на Лориен со 3:1.

На пет натпревари пред крајот на францускиот шампионат, ПСЖ на првото место има пет бода повеќе од Марсеј на втората позиција.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.