Connect with us

Фудбал

ПСЖ ја започнува новата сезона во лигата со 8 големи отсуства, поради Ковид-19

ПСЖ ќе ја започне новата сезона во Лига 1 со 8 отсуства, од кој 7 од нив се стартери.

Францускиот шампион, ќе ја започне сезоната во четврток на 10 септември за мечот против Ленс во натпревар од 2. коло, ПСЖ испрати барање за одложување на натпреварот, бидејки нема достапни важни имиња затоа што вкупно 8 фудбалери биле заразени од КОВИД-19 и мора да останат во карантин, но барањето беше одбиено.

На оваа листа се двајцата голмани Кејлор Навас и Серхио Рико, но и застрашувачкото напаѓачко трио Нејмар-Икарди-Мбапе, додека Ди Марија, Паредес и Маркињос се исто така погодени од коронавирусот.

Сите овие играчи се заразиле со коронавирус за време на летните одмори, по финалето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

loading...

На овој начин, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел ќе биде многу тешко да создаде конкурентна 11-ка за предизвикот против Ленс, што ќе биде многу тешко за парижаните.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com