SportM
Фудбал

ПСЖ најде замена за Мбапе: Подготвени се да платат огромна сума!

Д М15 окт 2022
ПСЖ најде замена за Мбапе: Подготвени се да платат огромна сума!

Во последните денови се засилија приказните околу можното заминување на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Очигледно Французинот не е среќен во Париз поради неисполнетите ветувања од раководството на клубот за потпишување на нов договор на крајот од минатата сезона.

Имено, тие му ветија поголеми овластувања, а Мбапе побара да ја донесе класичната деветка во тимот, и да го продаде Нејмар, што не го исполнија, а Мбапе побара да си замине, барем така велат странските медиуми.

Шпански Спорт објави и дека ПСЖ одредил цена за Мбапе, а според нив таа изнесува вртоглави 400 милиони евра. Да потсетиме, рекордот е 222 милиони евра, за кои во 2017 година Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ.

Откако видоа дека француската ѕвезда решила да си замине, веднаш најдоа резервна опција во управата на ПСЖ. Станува збор за Рафаел Леа (23), од Милано, пренесува Ел Национал.

Згора на тоа, претседателот Насер Ал-Хелаифи одлучи да плати 100 милиони евра во замена за Португалецот, кој исто така е во фокусот на Реал Мадрид и Челзи. Но, клубовите нема да имаат лесна задача да го обезбедат потписот на Леа, бидејќи Милан барем засега не сака да се откаже од неговите услуги.

 

Португалскиот репрезентативец досега за Милан играше 127 пати и постигна 31 гол со 28 асистенции.

Луис Кампос, спортскиот директор на ПСЖ, остро ги демантираше сите наводи дека светскиот шампион од 2018 година ќе го напушти клубот.

„Категорично го демантираме кажаното. Дали е среќен овде или не, тоа е прашање што треба да му го поставите. Тоа е многу лично прашање. Гледам дека Килијан работи, тој е врвен професионалец.

На пример, тој одигра извонреден натпревар во Ремс. Тој вложи голем напор за тимот. Го гледам Килијан секој ден со неговите колеги, среќен и со огромна желба за работа“, изјави Луис Кампиос, пренесува RMC Sport.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.