SportM
Фудбал

ПСЖ напаѓаше, Реал се бранеше: Решен скромниот судир на „Паркот на принцовите“ во судиското надополнување

Д М15 фев 2022
ПСЖ напаѓаше, Реал се бранеше: Решен скромниот судир на „Паркот на принцовите“ во судиското надополнување

Првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид беше се само не спектакуларен.

Натпреварот од кој многу се очекуваше заврши со минимална победа на домашните – 1:0. ПСЖ најмногу напаѓаше, а Реал Мадрид се бранеше.

Некако и очекувано беше домашната екипа да нападне и да бара победа. Од друга страна, Реал изненади со својот одбранбен гард и приоритет на гостите беше да не се изгубат.

Своја вечер имаше Тибо Куртоа, кој беше одличен со одбранет пенал, но на крајот сепак беше матиран од феноменалниот Мбапе.

Од стартот домаќините тргнаа во офанзива. Првата одлична можност ја имаше Мбапе, но белгискиот голман успешно ја сопре француската суперѕвезда.

Во 37. минута Касемиро доби жолт картон, иако можеше да биде исклучен бидејќи го фати за врат Паредес по груб старт и јавна опомена.

Последните минути од првото полувреме ги доведоа гостите да се разбудат, но Донарума немаше потреба посериозно да интервенира.

Продолжението носи уште поголем притисок од парижаните кои со сите сили сакаа да постигнат гол. Првата можност повторно беше Мбапе, но Куртоа го спречи.

Во 62. минута најдобра можна прилика за домашните. Оправдано беше досуден пенал по прекршокот на Карвахал врз Мбапе. Меси шутираше, а Куртоа одбрани.

Промашениот пенал не ги потресе домашните. Тие во неколку наврати повторно му се заканија преку Мбапе, но не го најде патот до мрежата.

Сепак, вечерва најдобриот играч на ПСЖ, Мбапе, го имаше последниот збор на натпреварот откако постигна одличен гол длабоко во судиското обештетување за конечни 1:0.

Треба да се напомене дека мечот на кралот заврши без удар во голот, што е најдобар показател за нивната игра вечерва, додека парижаните заслужено слават и со многу оптимизам го чекаат реваншот на 8 март.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.