ПСЖ наскоро ќе потпише нови договори со своите најголеми ѕвезди

Интерес за врвни играчи како Нејмар и Килијан Мбапе секогаш ќе постои.
Нема клуб кој не би сакал да ги има во своите редови, така што секогаш се шпекулира за нивните можни нови дестинации.
Но, се чини дека францускиот гигант ПСЖ реши да стави крај на ова. Бројни медиуми пренесуваат дека веќе е потпишан нов договор со Бразилецот Нејмар, додека подготвен е и оној за Мбапе. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо не го потврди ова, но рече дека разговорите за нови договори во голема мерка се движат кон позитивен исход.
“Разговорите за новиот договор на Нејмар напредуваат добро, но сè уште ништо не е потпишано. Долго време преговаравме со Мбапе и поблиску сме до договор. Тој ќе одлучи наскоро”, изјави Леонардо за Франс Блу.
Двата договори истекуваат во летото 2022 година, а Париз сака што побрзо да ги поврзе со нови и секако побогати договори. Во спротивно, тие ќе мора да ризикуваат со можноста Мбапе и Нејмар да ги остават бесплатно следната година или ќе мора да ги продадат за пониски износи во некој од следните преодни периоди.



