Connect with us

Фудбал

ПСЖ подготвува одмазда: Мбапе стравува за својот брат ако замине во Реал Мадрид

Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од оваа сезона.

Откако е потврден трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити, прашање на време е кога конечно ќе престанат гласините за Килијан Мбапе, но ќе треба да почекаме на тоа.

Познато е дека Французинот е помеѓу продолжувањето на договорот со ПСЖ и трансферот во Реал Мадрид, кој делува поблиску од останатите, а сега шпанска „Марка“ носи нови детали.

Имено, тие открија уште една причина поради која Мбапе би можел да остане во француската престолнина и да го продолжи договорот со новиот француски шампион.

Покрај тоа што бил под притисок дури и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој е негов голем обожавател, напаѓачот почнал да се плаши и за својот брат.

Поточно, Мбапе стравува дека доколку си замине од ПСЖ, неговиот помлад брат Итан (15 години) нема да има шанса да се пласира во првиот тим на ПСЖ.

Итан моментално игра за тимот до 17 години и важи за многу перспективен играч. Но, Мбапе верува дека Парижаните ќе го уништат сонот на неговиот помлад брат и повеќе нема да го промовираат, како одмазда за неговото заминување од ПСЖ.

Реклама

Facebook