SportM
Фудбал

ПСЖ потврди два трансфери во последните минути од преодниот рок

Д М1 сеп 2021
ПСЖ потврди два трансфери во последните минути од преодниот рок

Францускиот вицешампион ПСЖ потврди уште два трансфери на крајот од летниот преоден рок.

Парижаните направија двоен договор со Спортинг Лисабон, со Нуно Мендес и Пабло Сарабија во главните улоги.

Младиот 19-годишен лев бек Нуно Мендеш е нов член на ПСЖ. Тој доаѓа на позајмица до крајот на сезоната. ПСЖ ќе плати седум милиони евра за позајмица и има опција да купи за 40 милиони евра.

Со Спортинг, ПСЖ ја заврши и позајмицата на шпанскиот напаѓач Пабло Сарабија, кој до крајот на сезоната ќе го носи дресот на тимот од Лисабон.

Така Сарабија ја заврши својата епизода во Париз. Неговиот договор истекува во јуни следната година и тој ќе стане слободен агент.

29-годишниот напаѓач постигна 22 гола на 79 одиграни натпревари за ПСЖ.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.