SportM
Фудбал

ПСЖ веќе го најде првото засилување за јануари

Д М14 сеп 2018
ПСЖ веќе го најде првото засилување за јануари

Францускиот ПСЖ веќе го најде првото засилување за трансфер периодот во јануари.

Раководството на француските шампиони во своите редови сака да го види 21-годишниот португалски играч од средниот ред, Рубен Невес, кој навистина одлично игра во Вулверхемптон.

Невес пристигна во Вулвс во летото 2016 година за 20 милиони евра, но доаѓање се исплати, бидејќи тој беше меѓу најзаслужните за враќањето на тимот во друштво на најдобрите англиски тимови.

Интересот за неговите услуги значително се зголеми. Многу европски гиганти го бараат овој брилијантен играч од средниот ред, а ПСЖ засега е најконкретен.

Парижаните прават сé за да го донесат Невес во јануари на Паркот на принцовите. Наводно, ќе понудат дури 70 милиони евра за неговите услуги, но проблемот е што парите за волците не се проблем.

Богатите сопственици на овој тим имаат доволно пари и сакаат да создадат тим за врвот на табелата во Премиер лигата и сигурно е дека нема лесно да се откажат од одличниот Португалец.

Невес е обврзан со договор до 2023 година а ПСЖ ќе треба да направи чудо за да го донесе.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.