SportM
Фудбал

ПСЖ во големи проблеми пред натпреварот со Лил

Д М28 окт 2021
ПСЖ во големи проблеми пред натпреварот со Лил

Пари Сен Жермен е во неволја пред натпреварот од 12. коло од Лига 1 со Лил, кој се игра во петок навечер бидејќи неколку играчи нема да бидат на располагање.

Една од главните ѕвезди на тимот Килијан Мбапе има проблеми со дишењето поради инфекција на носот, поради што нема да може да игра, а на тренинзите ќе се врати дури следната недела. Од клубот веруваат дека ќе бидат подготвени за натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите против Лајпциг.

Покетино во петок нема да може да смета на Марко Верати, кој се повреди на натпреварот против Марсеј минатиот викенд. Се очекува тој да отсуствува од терените еден месец.

Покрај тоа, во тимот ќе ги нема Серхио Рамос и Леандро Паредес, кои исто така имаат проблем со повреди, додека Хакими го прескокнува мечот поради црвен картон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.